Се зголемува откупот и продажбата на земјоделските производи
17.11.2014 10:31
Најмногу се купувале житните култури и млечните производи. Според статистика ваквиот тренд продолжува и во септември...

Една милијарда и 400 милиони денари е вкупниот откуп и продажба на земјоделските производи во септември годинава што според статистичките анализи е повеќе за 7,8 проценти од лани.
Кај индивидуалните земјоделци откупот е зголемен за скоро шест, а кај производството на претпријатијата за десет проценти.
Поголема вредност на купената и продадената храна има кај житата, фуражните растенија, грозјето, млечните производи и рибата, додека помала трговија е забележано кај индустриските и градинарските култури и кај добитокот.
Методија Трајков
