Листата за редовност на пратениците на координативна средба
Се очекува спикерот, потпретседателите и координаторите да ја достават листата до Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетски прашања на натамошно постапување...

Листата со присуства на сите 123-ца парламентарци е подготвена и ќе биде разгледана на денешната координација кај претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски.
Се очекува спикерот, потпретседателите и координаторите да ја достават листата до Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетски прашања на натамошно постапување.
Нејзиниот претседател закажува седница во рок од 15 дена и на неа би се расправало за мандатите на опозициските пратеници кои од 10 –ти мај, цели 6 месеци по конститутивната седница не влегуваат во Собранието.
Можни се две опции: констатирање на оставките и одземање на мандатите во предвидената процедура или продолжување на сегашната пат – позиција.
