Меркел: Доколку е потребно ќе воведеме нови санкции кон Москва
17.11.2014 11:05
Се очекува листата на која веќе се 119 руски функционери и 23 компании да биде зголемена...

Состојбата во Украина и евентуално воведување на нови санкции ќе биде главна тема на разговорите на денешната средба на министрите за надворешни работи во Брисел, ден по Самитот Г-20 во Бризбејн.
„Русија ги повредува територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Ние ја подржуваме Украина и политички и економски. Ќе направиме дополнителен напор да се најде дипломатско решение. Но, доколку е потребно ќе воведеме нови санкции“, рече германскиот канцелар Ангела Меркел.
Се очекува листата на која веќе се 119 руски функционери и 23 компании да биде зголемена со нов трет степен на санкции.
