Јоханис- нов претседател на Романија

17.11.2014 11:55

Во првиот круг што се одржа пред две недели победи Понта. Тој важеше и за фаворит на вчерашните избори...

Клаус Јоханис е новиот претседател на Романија со освоени 56 насто од гласовите, по вториот круг на претседателските избори, соопшти Државната изборна Комисија.
 
Романскиот премиер Виктор Понта доцна синоќа го призна поразот на изборите и му ја честиташе победата на 55-годишниот Јоханис, кој по потекло е етнички Германец.
 
Во првиот круг што се одржа пред две недели победи Понта. Тој важеше и за фаворит на вчерашните избори, затоа што анкетите и истражувањата на јавното мислење покажуваа дека социјалдемократот Понта ја има подршката на мнозинството од романските гласачи, пред кандидатот на десницентристичките партии.