Извршители: Најчести предмети за побарувања од 100 до 11.000 евра
17.11.2014 12:21
Највеќе работа извршителите во изминатите две години имале со предмети вредни од 100 до 11.000 евра, примиле 98.928 вакви предмети...

Многу често извршителите во Македонија работат на предмети што се со вредност до 100 евра. Според извештајот на нивната комора, 55 извршители само во текот на 2012 и 2013 година, примиле дури 72.298 предмети со побарувања вредни до 100 евра.
Највеќе работа извршителите во изминатите две години имале со предмети вредни од 100 до 11.000 евра, примиле 98.928 вакви предмети. Паралелно тие работеле и на 2.994 предмети чија вредност се движела од 11.000 до 200.000 евра.
Разбирливо најретки, само 297 биле предмети чија вредност надминувала 200.000 евра.
