Постои простор за поголема трговска размена меѓу Македонија и Франција

17.11.2014 12:44

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, Франција не е ниту меѓу 20-те водечки трговски партнери на земјава...

Македонија и Франција сакаат да ја продлабочат економската соработка, да ја засилат трговската размена и да го зголемат нивото на француски инвестиции во Македонија.

Постои огромен простор за потесни економски врски со оваа земја, особено што, според последните податоци на Државниот завод за статистика, Франција не е ниту меѓу 20-те водечки трговски партнери на земјава.

„Евидентиран е негативен биланс на страна на Репуиблика Македонија во трговското салдо од 54,3 милиони долари. Вкупната размена за девет месеци достигнува вредност од 98 милиони долари, што претставува расто од 10% во однос на истиот период од лани. Остварен е извоз од Македонија во Франција во вредност од 21,9 милиони долари, односно раст од 32,4%, додека увозното салдо изнесува 76,3 милиони долари“, изјави извшниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

Според амбасародрот на Франција во Република Македонија, постои простор попродлабочена соработка и за што поголем извоз на македонски производи на францускиот пазар, како на млечните производи, сирењето, јаболкото, виното.