Црни денови на Лејкерс!
Бадијала ветеранот Коби Брајант со 36 години игра како во најдобрите денови, кога ниту неговите 44 поени не се доволни барем за рамноправен дуел...

Кога се чинеше дека не може полошо од минатата сезона, кога со ефект од само 26 победи и 55 порази не се ни пласираше во плеј – офот, Лејкерс потонаа уште подлабоко. Во најлошиот старт на сезоната во историјата, екипата од Лос Анџелес има само еден триумф и дури девет порази, последниот дома од Голден Стерјт и тоа катастрофален со 136:115. Бадијала ветеранот Коби Брајант со 36 години игра како во најдобрите денови, кога ниту неговите 44 поени не се доволни барем за рамноправен дуел. По три периоди, Лејкерс губеа со 36 поени и само поради опуштањето на гостинот го намалија поразот за којшто „највиновен“ е Стивен Кари со 30 коша и со 15 асистенции.
Интересно, „Вориорс“ постигна два поена поваќе од Оклахома и Хјустон заедно. „Рокетс“ славеа со 69:65 што е единствена победа со помалку од 70 постигнати поени во последните девет сезони. Без Кевин Гарнет и Расел Вестбрук, Оклахома има биланс 4:7, додека Хјустон заедно со Мемфис се двете најуспешни екипи со по девет победи и по еден пораз. За максималени шест триумфи на гостувањата сезонава, се погрижи Џејмс Харден кој постигна 19 поени, вклучувајќи ја и решавачката тројка.
Милвоки е во серија од три победи во последните четири дуели откако славеше во Мајами со 91:84. Со три тројки во трите завршни минути и со вкупно 20 поени, Брендон Најт беше клучен за триумфот на гостите.
Единствената домашна победа ноќеска ја оствари Њујорк и тоа против Денвер со 109:93. Кармело Ентони и Џеј - Ар Смит постигнаа по 28 поени за седмиот пораз во последните осум натпревари на „Нагетс“.
