Продолжува постапката за проверка на отсуствата на пратениците
17.11.2014 13:35
Во наредните 15 дена, Комисијата ќе треба да реши дали пратениците од опозицијата кои изминативе 6 месеци го бојкотираа Собранието, биле оправдано или неоправдано отсутни...

Триесет и еден пратеник во оставка, ваков Извештај произлегол по собраниската координација, кој ќе се достави до Комисијата за мандатно - имунитетни и деловнички прашања.
Во наредните 15 дена, Комисијата ќе треба да реши дали пратениците од опозицијата кои изминативе 6 месеци го бојкотираа Собранието, биле оправдано или неоправдано отсутни, од што ќе зависи дали воопшто ќе продолжи процедурата за одземање на нивниот мандат.
Со ова, велат собраниски извори, се остава време за поместување во политичкиот дијалог.
