Две лица загинаа во сообраќајка на патот Штип- Радовиш

17.11.2014 14:09

Портпаролот на Клиничка болница потврди дека лицето донесено во тешка здравствена состојба починало на Одделението за интензивна нега во Клиничката болница...

Во штипската Клиничка болница почина и возачот на возилото марка „Форд“ со радовишки регистерски таблички, кој се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, која се случи изутрината на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај месноста викана Шести километар во близина на Затворот-Штип.

Портпаролот на Клиничка болница потврди дека лицето донесено во тешка здравствена состојба починало на Одделението за интензивна нега во Клиничката болница.

На лице место загина совозачот во возилото. Надлежните по извршениот увид ќе информираат кои се причините за сообраќајната несреќа.

Според првичните информации, возилото излетало од коловозот и директно удрило во дрво.