Почна поставувањето подземни контејнери во општина Аеродром
Инвеститори се градот Скопје, Комунална хигиена и општината Аеродром. Вредноста на проектот за трите општини изнесува 6,6 милиони денари...

И општината Аеродром доби подземни контејнери. Инвеститори се градот Скопје, Комунална хигиена и општината Аеродром. Вредноста на проектот за трите општини изнесува 6,6 милиони денари.
„Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Аеродром ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека со поставувањето на подземните контејнери на трите локации во неговата општина, кај ТЦ „Три бисери“, кај ТЦ „Бисер“ и во населбата Лисиче, во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се придонесе за поголема хигиена во општината.
