Заврши реобдукцијата на Дениса Марковска
Се очекува резултатите од обдукцискиот наод попладнево да му бидат доставени на министерот за здравство Никола Тодоров, кој неодамна побара да се направи реобдукција и анализите да се споредат со резултатите од Грција...

Заврши реобдукцијата на посмртните останки на прилепчанка Дениса Марковска, чие тело беше пронајдено во Егејско море.
Се очекува резултатите од обдукцискиот наод попладнево да му бидат доставени на министерот за здравство Никола Тодоров, кој неодамна побара да се направи реобдукција и анализите да се споредат со резултатите од Грција.
Институтот за судска медицина ќе продолжи со анализите за да утврди дали смртта настанала пред или по паѓањето од бродот во морето.
Реобдукција бараше и нејзиното семејство кое изрази сомневање во резултатите од Грција и бараше да се направи ДНК анализа за да се утврди дали станува збор за нивната ќерка.
