Македонскиот и холандскиот Судски совет договорија соработка
17.11.2014 15:32
Со активностите, како што соопшти денеска Судскиот совет на Република Македонија, се опфатени судските совети, академиите за судии и најголемите судови во двете земји...

Договорена е соработка меѓу македонскиот и холанскиот судски совет. Потпишан е меморандум за соработка. Со активностите, како што соопшти денеска Судскиот совет на Република Македонија, се опфатени судските совети, академиите за судии и најголемите судови во двете земји.
Соработката треба да се остварува во рамките на стратешкиот и оперативен менаџмент во судството, управување со квалитет и финансиски менаџмент и буџетска политика на судството, регрутирање кадри, избор, унапредување и обука на судии и судски персонал, како и вво областа на судската реформа, вклучително реформа на судската мапа и дигитализација на постапките.
