Куп на Македонија

Вардар – Ренова куп дерби!

17.11.2014 15:43

Тимот од Џепчиште има позитивен куп традиција затоа што двапати ги елиминираше црвено – црните и тоа во 2012-та кога го освои пехарот и во 2008-ма, додека вардарци беа поуспешни во 2010-та. Интересно, сите три куп натпревари во Скопје завршија со 1:1, исто како и првенствениот дуел сезонава на „Националната арена“.

Преку купот е најкраткиот пат до трофеј и до излез во Европа, па иако има фаворити, никој не смее да ја потцени тежината на четвртфиналето. Вардар - Ренова е најпривлечната двојка, особено што двете екипи по третпат ќе се соочат  во Купот на Македонија во последните седум сезони.

Тимот од Џепчиште има позитивен куп традиција затоа што двапати ги елиминираше црвено – црните и тоа во 2012-та кога го  освои пехарот и во 2008-ма, додека вардарци беа поуспешни во 2010-та. Интересно, сите три куп натпревари во Скопје завршија со 1:1, исто како и првенствениот дуел сезонава на „Националната арена“.

Сепак, предноста во моментов е на страната на рекордерот со пет куп титули, Вардар кој е во подобра форма и не е совладан на осум мечеви во двете натпреварувања. Последен пат скопјани загубија токму во купот и тоа во првиот меч од второ коло против Шкендија во Тетово.

Во меѓусебното минато, нерешениот е најчест резултат – 16 пати, Вардар има десет или две победи повеќе од Ренова, но ниту еден пораз во последните дванаесет мечеви. Преносот од првата куп пресметка меѓу Вардар и Ренова ќе биде утре на МРТ1 во 13 часот.

Во другите утрешни четвртфиналиња во истиот термин, финалистот од минатата сезона Тетекс  ќе оди во Миравци кај Кожуф, додека Турново ќе и биде домаќин на Дрита. Работнички одбраната на трофејот ќе ја продолжи на 26 ноември на гости кај Еромилк. Реваншите ќе се одиграат на 6-ти декември.