Руските медиуми: Посетата на патријархот Кирил во Белград има и политичка конотација
Српскиот печат ги пренесуваат руските медиуми кои пишуваат дека посетата на патријархот Кирил на Србија ја означува политичката подршка на Русија за надворешната политика на Србија. Така московски Комерсант констатира дека во услови на изолација на Западот- рускиот патријарх во Белград испратил сигнали дека православните народи треба да ги збијат редовите...

Во Белград засега нема информации освен кусата вест од СПЦ за заедничката литургија на епископите на Вранишковски со рускиот патријарх Кирил и учеството на самопрогласениот епископ Давид во официјалните разговори на врвот на СПЦ со РПЦ. Ниту медиумите, ниту аналитичарите не му придаваат значење на овој настан-освен дека епископите на Вранишковски ги сметаат за членови на СПЦ, од каде и произлегува нивното присуство во Белград. Тука исто така нема реакции на пишувањата во некои македонски медиуми дека српскиот црковен клер побарал поддршка од патријархот Кирил за разрешување на македонскиот архиепископ Стефан.
Засега не е познато каков бил одговорот на рускиот патријарх и на неговите соработници од одделот за надворешни црковни односи во поглед на МПЦ, но со оглед на учеството на разговорите на Давид заедно со уште 4 епископи, меѓу кои биле бачкиот епископ Иринеј и Амфилохие, кои важат за најголеми противници на МПЦ-овде во Белград може само да претпоставиме.
Но затоа српскиот печат ги пренесуваат руските медиуми кои пишуваат дека посетата на патријархот Кирил на Србија ја означува политичката подршка на Русија за надворешната политика на Србија. Така московски Комерсант констатира дека во услови на изолација на Западот- рускиот патријарх во Белград испратил сигнали дека православните народи треба да ги збијат редовите. Овој лист го цитира претседателот на руското здружение на експерти за религија-Роман Лукин, кој вели дека во услови на санкции, Србија станува стратегиски партнер не само на духовен, туку и на политички план. Во продолжение на текстот се издвојува и изјавата на српскиот претседател Николиќ кој оценил дека СПЦ може да се потпре на руската црква, а Србија има голема потпора кај Русија.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
