Сезона на вируси: По 60 деца дневно во ординациите кај педијатрите

17.11.2014 16:18

Лекарите велат дека најмногу страдаат децата што одат во градинка и во училиште- таму бактериите полесно се пренесуваат...

Разликата во температурата и загадениот воздух удрија врз имунитетот на децата. Црвено грло, затнат нос, висока температура, кашлање – по 60-тина дечиња дневно доаѓаат во ординациите кај педијатрите.

„Со настинките е многу тешко,  оди во градинка- ама сега не го пуштаме“.

„Затнат нос, кашла, шлајм – со вирусиве постојано на доктор, друга алтернатива незнам“, велат родителите кои ги анкетиравме.

Честопати и обична настинка може да предизвика сериозни инфекции, предупредуваат педијатрите.

„Најлошото е што после оваа банална респираторна инфекција се накалемуваат бактерии и тие деца страдаат подолго време, дали ќе се накалеми стрептококната инфекција дали други бактерии, затоа клиничката слика пролонгира кај овие деца и се почесто ја има“, вели проф. д-р Марија Христовска – педијатар, пулмо- алерголог .

Лекарите велат дека најмногу страдаат децата што одат во градинка и во училиште- таму бактериите полесно се пренесуваат.

Докторите апелираат родителите да не ги пуштаат болните деца да одат во училиште или во градинка. И потребната трерапија да не им ја даваат на своја рака.

Од почетокот на сезоната регистрирани се речиси 370 грипосани. Оваа бројка се очекува да биде многу поголема следниот месец.

 

 

Андријана Атанасовска