Започна собраниската постапката за мандатите на опозициските пратеници
Деловнички, по денешната координација, Николовски најдоцна за 15 дена треба да закаже седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, на чијшто дневен ред ќе биде информацијата за редовноста на пратениците. Членовите треба да одлучат дали и со каков предлог ќе излезат, за пратениците со над 6 месеци неоправдано отсуство...

Генералниот секретар на собранието на координативната средба ја доста ви листата за редовноста на пратениците. Ова е единствената информација од денешната средба кaj спикерот Вељаноски.
Во отсуство на изјави и брифинзи, останува и натаму неизвесен следниот потег, со кој ќе се бара решението за актуелната политичка клима.
Деловнички, по денешната координација, Николовски најдоцна за 15 дена треба да закаже седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, на чијшто дневен ред ќе биде информацијата за редовноста на пратениците. Членовите треба да одлучат дали и со каков предлог ќе излезат, за пратениците со над 6 месеци неоправдано отсуство.
Доколку заземат став за одземање на мандатите, за ова сепак ќе се одлучува во пленарната сала. Спикерот Вељаноски предлогот треба да го стави на дневниот ред на првата наредна седница и во поединечното гласање за секој пратеник да се безбедат 82. Поради обезбедувањето на потребното двотретинско мнозинство можно е и оваа процедура да мирува.
Засега мирува и констатирањето на оставките што е втората можна разрешница на актуелната политичка клима. Седницата со оваа точка на дневен ред е прекината и засега без најави за ново продолжение.
Крајниот епилог, за било која од двете варијанти, би значело распишување на парцијални избори за 31 пратенички мандат во сите 6 изборни единици, на коишто опозицијата, веќе најави дека нема намера да учествува. Оттука, пролонгирањето на пат позицијата, според парламентарното мнозинство е всушност давање време и можност за враќање на политичкиот дијалог во законодавниот дом.
Виолета Димовска
