Штип

Нова сообраќајна несреќа со жртви

17.11.2014 16:47

Трагичен бил патот кон Штип за двајца радовишани. На шестиот километар пред градот на Исарот, возилото кое било управувано од 65 годишен возач излетало од патот. Од сериозноста на повредите сопатникот починал на лице место а возачот на клиника во Скопје. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид а возачите кои често ја минуваат делницата велат местото на несреќата е позната црна точка .

Две починати лица, ова е билансот од сообраќајната несреќа која утринава се случила на патот Радовиш -Штип. Од сериозноста на повредите, 54 годишниот сопатникот починал на лице место, а десет години повоздрасниот возач, починал неколку часа по несреќата на Клиника во Скопје. На местото на несреќата увид направија Јавното обвинителство и Полицијата.

Возачите кои често минуваат по оваа делница велат дела местото познато како „Шестиот километар“ е една од најопасните црни точки на македонските патишта. Само мало невнимание било доволно за ваков епилог.

„Мислам дека истово возло ме пртетекна на километар уназад, јас некаде 70 -80 возам секогаш, некаде над 90 возеше возилото кога стигнав видов возило во шанец, застанав веднаш на паркин и пријавив на полиција“, рече Коле Колев, очевидец.

Официјално која  е причината за излетување од патот на автомобилот марка Форд Ескорт од полицијата ќе информираат по завршување на истрагата.

Според статистиката на МВР во првите 10 месеци бројот на сообраќајни несреќи кој што се сличиле на македонските патишта е 110 или за 54  помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Иако бројката на сообраќајни несреќи се намалува, бројот на оние со смртни последици според полицијата е аларментен и причина плус за новото Законско решение во кое казните за напочитувачите на сообраќајните правила се драстично зголемени.

Дијана Иванова