Европската Комисија со итни превентивни мерки ќе реагира на појавата на птичјиот грип

17.11.2014 16:57

По констаирањето на присуството на птичји грип во неколку фарми во Холандија и Велика Британија, земјите пристапија по утврдениот протокол на Европската унија...

Во 16 часот започна состанокот на кој престваниците на Европската Комисија ќе донесат одлука за итни времени превентивни мерки кои ги опфакаат зоните во кои се наоѓаат животниските фарми, како и за продажбата на производите од овие држави во земјите членки на ЕУ и пошироко.

„Ги разгледуваме мерките кои се преземни од националните власти, и во моментов ги сметаме за адекватни. Во секој случај ќе има формална одлука попладнево. А ревизија на ситуацијата во следниот четврток“, рече Енрико Бривио, портпарол на Европската комисија.

По констаирањето на присуството на птичји грип во неколку фарми во Холандија и Велика Британија, земјите пристапија по утврдениот протокол на Европската унија. Холандија веднаш превзеде мерки како што е уништување и убивање на сите животни на фармите, чистење и дезинфекција, вклучувајки и заштита и надгледување на зафатените зони.

Марина Стојанова Тонева