Се купува ли пилешко месо по појавата на птичјиот грип?!
Прометот во месарниците велат е непроменет, бидејќи во Македонија пилешко месо најмногу се увезува од Словенија...

Веста за птичјиот грип во Холандија не ги поколеба македонците да купуваат пилешко месо. Прометот во месарниците велат е непроменет, бидејќи во Македонија пилешко месо најмногу се увезува од Словенија.
Освен од Словенија свежи пилиња се увезуваат и од Хрватска. Смрзнатите најчесто се од Бразил, Америка, Германија, Холандија. Некои скопјани велат, го купуваат бидејќи е поевтино од свинското, според други, декларацијата задолжително треба да се чита, трети пак одамна не јадат пилешко.
„Не, не ме исплаши, свежо месо купувам, готвам супи, пилешко со ориз правам за децата.“
„Пилешко на менито ќе има? - Обавезно.“
„Свежо месо купуваме, а што се однесува до грипот, секогаш таква информација внесува страв.“
„Додека не се информирам колку е сериозно нема да купувам.“
„Се поретко купуваме пилешко, бидејќи сметам дека хормноте не се добри за раст и развој на децата. А последните информации за птичјиот грип, го потврдуваат мојот став да не го консумираме“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Домашното производство на пилешко покрива 20 проценти од потребите. Одгледувањето на пилиња за речиси една деценија се намалило за 23 пати.
За увоз на пилешко годишно од Македонија се одлеваат 50 милиони евра.
Наташа Јанчиќ
