Студентите протестираа против екстерното тестирање

17.11.2014 17:06

Според надлежните оваа реформа треба да го подигне квалитетот на високото образование. Анализите покажуваат дека на некои универзитети особено на приватните се поминува лесно без студентите да учат и да се стекнат со знаење...

Студентите организираа протест за да му кажат „не“ на екстерното тестирање. Поддршка добија и од неколку професори. Од скопскиот универзитет се упатија кон зградата на Владата, преку просториите на Студентскиот парламент, маршот го завршија пред министерството за образование. Ги доставија своите барања оваа реформа да не се реализира. Велат  дека не се политички организирани но имаат и такви амбиции.

„Сметам дека власта ќе ја срушиме ние како граѓани која ја бираме и имаме право да ја срушиме“.

„Студентската рктична маса расте  и мора така да продолжиме и не треба да се обесхрабруваме бидејќи ова е само почеток“, изјавија студенти учесници во протестот.

Организаторите најавуваат уште еден марш ако не им се одговори на барањата. Ќе барат и средба кај ресорниот министер. Според надлежните оваа реформа треба да го подигне квалитетот на високото образование. Анализите покажуваат дека на некои универзитети особено на приватните се поминува лесно без студентите да учат и да се стекнат со знаење.

Викторија Тодоровска