Весна Пусиќ: Ослободувањето на Шешељ предизвикува влошување на ситуацијата во Југоисточна Европа

17.11.2014 17:11

Ќе ги предупредам колегите за отежнувачката околност што ја внесува, немајќи подобар израз, лудачкиот елемент во регионот...

Хрватската министерка за надворешни го предупреди Брисел дека ослободувањето на Шешељ од Меѓународниот суд на правдата предизвикува влошување на ситуацијата во Југоисточна Европа.

„Во разговорите за Босна и Херцеговина, ќе ги предупредам колегите за отежнувачката околност што ја внесува, немајќи подобар израз, лудачкиот елемент во регионот“, рече Весна Пусиќ, министерка за надворешни работи на Хрватска.