Втор смртен случај од ебола во САД

17.11.2014 17:13

Во болница во Небраска почина хирург кој се зарази лекувајќи заразени во Сиера Леоне...

Втор смртен случај од ебола во САД. Во болница во Небраска почина хирург кој се зарази лекувајќи заразени во Сиера Леоне. 44-годишниот д-р Мартин Салиа беше донесен во САД во многу полоша состојба од претходните пациенти, на носилка, неспособен да дише самостојно.

Првиот смртен случај од ебола во САД беше Либериецот Томас Данкан, кој почина во Далас, каде што дошол во посета на роднините.