Јапонската економија повторно во рецесија

17.11.2014 17:17

Светот е пред нов економски колапс, а последиците од нестабилноста го загрозуваат заздравувањето на Велика Британија...

Јапонската економија, трета по големина во светот, е повторно во рецесија, откако неочекувано се намали втор последоватолен квартал.

„Главното е да спречиме зголемувањето на даноците да предизвика економијата да изгуби здив и да се врати во дефлација“, изјави Акира Амари, министер за економска ревитализација.

Светот е пред нов економски колапс, а последиците од нестабилноста го загрозуваат заздравувањето на Велика Британија, предупреди британскиот премиер Камерон.