Европската Комисија ги усвои мерките за заштита од птичјиот грип

17.11.2014 19:21

Холандија воведе и 72 часовна забрана за транспорт на живина и живинарски производи низ целата земја како и во членките на Европската Унија и пошироко. Мерки презема и Велика Британија откако опасниот вирус се појави и на фарма за патки во Јоркшир. Експертите наведуваат дека постои сосема мал ризик луѓето да заболат....

Европската Комисија ги усвои мерките за заштита од ширење на птичјиот грип кои веке ги презеде Холандија - држава во која се потврди постоењето на патогениот вирус. Портпаролот Енрико Бравио упати на изјавата што ја даде на пладневната прес конференција.

„Спoред протоколтот на Европската Унија, Холандија веднаш превзеде мерки како што е уништување и убивање на сите животни на фармите, чистење и дезинфекција, вклучувајки и заштита и надгледување на зафатените зони“, изјави Енрико Бривио портпарол на Европската Комисија.

Освен ова, Холандија воведе и 72 часовна забрана за транспорт на живина и живинарски производи низ целата земја како и во членките на Европската Унија и пошироко. Мерки презема и Велика Британија откако опасниот вирус се појави и на фарма за патки во Јоркшир. Експертите наведуваат дека постои сосема мал ризик луѓето да заболат.

„Постојат неколку птици кои се заболени од вирусот. Над 6000 патки ќе бидат уништени. Секако вработените на фармата при процесот ќе носат заштитна облека и покрај што ризикот од зараза е мал“, рече Најџел Гибенс, ветеринар.

Појавата на болеста ќе донесе големи економски штети. Ова особено се однесува на Холандија која е светски лидер во производство на јајца. Годишно извезува  околку  60 милијарди.

Марина Тонева