Времена забрана за увоз на живина од Холандија, Германија и Британија
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе привремена забрана за увоз на пилешко месо од земјите погодени со вирусот. Преку соопштение тврдат дека во земјава нема птичји грип. Тоа го потврдиле последните анализи. Болеста ја нема и во земјите од опкружувањето...

Увезените пилиња и јајца од Германија, Холандија и Британија извесен период ќе изостанат од рафтовите на маркетите во земјава. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе привремена забрана за увоз на пилешко месо од земјите погодени со вирусот. Преку соопштение тврдат дека во земјава нема птичји грип. Тоа го потврдиле последните анализи. Болеста ја нема и во земјите од опкружувањето.
„Агенцијата за храна и ветеринарство ги следи насоките на Европската комисија во однос на превентивата од птичјиот грип“, изјави Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Епидемиолозите предвидуваат дека вирусот нема да прерасне во пандемија. Заразата ретко се пренесува од човек на човек, а онаму кадешто ќе се појави, велат живината треба целосно да се уништи.
За неполн месец македонските компании кои извезуваат на европскиот пазар ќе треба да ги воведат најновите препораки од Европската унија за прецизно означување на производите, меѓу кои и на месото. Тоа се декларација за потеклото, алергените и нутритивните табели. Казните за непочитување ќе се движат од 1000 до 3.000 евра.
Анита Димитријевска
