Зијадин Села ќе ги руши плажите на кои им истече концесијата
Како што вели Села, тој немал право да доделува концесии но имал право по истекот на рокот за концесионирање плажите да ги врати во првобитна состојба...

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села ќе ги руши плажите на кои 5 годишната конццесија веќе истекла. Тој вели дека ќе постапел согласно законот. Како што вели Села, тој немал право да доделува концесии но имал право по истекот на рокот за концесионирање плажите да ги врати во првобитна состојба.
Струшкиот градоначалник смета дека градските плажи се на сите граѓани и тие мора да бидат слободни без никакви а посебно не тврси градби. За приватните плажи додава дека треба да бидат урбанистички претходно решени доколку градот Струга сака да биде посакувана туристичка дестинација.
Зијадин Села ќе се залагал струшкото крајбрежје да нема концесионери туку сопственици кои сакаат да купат атрактивна локација и да ја уредат со угостителски објекти. Договорот на концесионерите како што истакнува градоначалникот на Струга е 5 години и тој истекува сега. Согласно со договорот по истекот, концесионерот е должен плажата да ја врати во првобитна состојба. Доколку тоа не биде направено, општината е должна да го направи истото т.е рушење на тврдите објекти на самата плажа.
