Германија го потврдува партнерството со Србија
Германија го потврдува партнерството со Србија со посетата на вицеканцеларот Зигмар Габриел во Белград...

Германија го потврдува партнерството со Србија со посетата на вицеканцеларот Зигмар Габриел во Белград. Освен најавата на голем број германски инвестиции, тој нагласи дека одлуката за Европската Унија не е одлука против Москва.
„Одлуката да и се приклучите на Европската Унија или на Западот е одлука за нешто, но не е против другите“, рече Зигмар Габриел, вицеканцелар на Германија.
Во меѓувреме, германски Шпигел пренесува дека стратегијата на рускиот претседател Путин на Балканот го алармирала Берлин, а Меркел предупредува на влијанието на Москва во Србија, Молдавија и Грузија. Руски Комерсант наведува дека Белград се придржува кон воената неутралност, но тоа изгледа чудно во пракса.
