Јолевски на тркалезна маса во Дом на АРМ

18.11.2014 08:54

Министерот Јолевски денеска ќе се обрати на научно-стручната тркалезна маса на тема „Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014“...

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денеска ќе се обрати на научно-стручната тркалезна маса на тема „Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014“.
 
Целта на оваа дебата, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје. соопшти МО, е на едно место да ги собере претставниците на владиниот и граѓанскиот сектор, истражувачите и претставниците на академското општество и тинк-тенк заедницата, за да споделат идеи и мислења во однос на стратешките определби на Република Македонија – членството во НАТО и Европската Унија.