Градоначалникот на Струга ќе ги руши плажите на кои им истече концесијата

18.11.2014 10:34

Струшкиот градоначалник Зијадин Села ќе ги руши плажите на кои 5 годишната концесија веќе им истекла. Тој вели дека ќе постапел согласно законот. Како што вели Села, тој немал право да доделува концесии, но имал право по истекот на рокот за концесионирање плажите да ги врати во првобитна состојба...

Иако струшкиот градоначалник не го негира податокот дека во Струга има и убави и монденски плажи, сепак тој ќе постапува согласно законот. Првиот човек на општина Струга нема право да доделува концесии но има законско право да ги руши.

„Не треба да гледам што е убаво, туку што е законски, ако јас не ги рушам, одговорност ќе имам јас. Законски немам право да им ги продолжам концесиите. Не е до мене тоа, а и да имав право немаше баш така да постапам, вели Зијадин Села, градоначалник на Струга.

Струшкиот градоначалник смета дека градските плажи се на сите граѓани и тие мора да бидат слободни без никакви а посебно не тврси градби. За приватните плажи додава дека треба да бидат урбанистички претходно решени доколку градот Струга сака да биде посакувана туристичка дестинација.

Ќе нема компромис за гратските плажи тоа треба да бидат на граѓаните, а за други приватни плажи јас сум да се отворат, ама ќе ги отвориме така регулирано со план и сите да имаат можност да конкурираат да ги купат како што постои во регулативите, додава Села.

Зијадин Села ќе се залагал струшкото крајбрежје да нема концесионери туку сопственици кои сакаат да купат атрактивна локација и да ја уредат со угостителски објекти. Договорот на концесионерите како што истакнува градоначалникот на Струга е 5 години и тој истекува сега.

Согласно со договорот по истекот, концесионерот е должен плажата да ја врати во првобитна состојба. Доколку тоа не биде направено, општината е должна да го направи истото т.е рушење на тврдите објекти на самата плажа.

 

Јованчо Наумоски