Земјотрес во Грција

18.11.2014 11:15

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета...

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала синоќа ја погоди  Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал југозападно од Прокопион, на околу 120 километри северно од Атина. Земјотресот, исто така, бил почувствуван и во главниот град на Грција.