Ал Каеда објави видео снимка со пораки од двајца заложници

18.11.2014 11:18

Двајцата заложници беа киднапирани пред три години, едниот во Мали, а другиот од ресторан во Сахара...

Северноафриканското крило на Ал Каеда објави видео снимка на којашто двајца заложници, францускиот државјанин Серж Лазаревиќ и холанѓанецот Сјак Ријке апелираат до владите на нивните земји да преговараат за нивно ослободување.

„Господине претседател, ве молам да сторите се што можете за моето ослободување, бидејќи вие ќе бидете одговорен за тоа што ќе ми се случи“, вели киднапираниот Серж Лазаревиќ.

Двајцата заложници беа киднапирани пред три години, едниот во Мали, а другиот од ресторан во Сахара.

Француските власти ја проверуваат автентичноста на снимките.