Санкции за лекарите од Битолската болница кои предвреме ги потрошиле реагенсите
18.11.2014 11:21
Ова се однесува на одредени лекари од службата за Нуклеарна медицина, поради несоодветно применување на законските обврски...

Ќе следуваат санкции за лекарите од Битолската болница, кои предвреме ги потрошиле реагенсите. Ова се однесува на одредени лекари од службата за Нуклеарна медицина, поради несоодветно применување на законските обврски, и притоа неколку пати годишно ги повторувале одредените тестови.
Истовремено, и пациентите биле непотребно изложувани на дополнителни трошоци.
Според Василе Најдовски, директор на клиничката болница во битола, ќе се формира комисија, која ќе одлучи за колкава одговорност станува збор.
