Хонг Конг: Полицијата со судска одлука ги расчистува демонстрантските кампови
18.11.2014 11:41
Од движењето „Окупај Хонг Конг“ рекоа дека нема да даваат отпор и почнаа да ги пакуваат шаторите, но побараа полицијата да им ги остави подалечните барикади...

Полицијата почна да расчистува дел од демонстрантските кампови околу владините згради во Хонг Конг, по судска одлука.
Од движењето „Окупај Хонг Конг“ рекоа дека нема да даваат отпор и почнаа да ги пакуваат шаторите, но побараа полицијата да им ги остави подалечните барикади.
„Веќе е јасно дека окупаторите го кршат законот на Хонг Конг. Нашето општество го почитува законот и другите граѓани го очекуваат истото од окупаторите“, вели Леунг Чун Јинг, администратор на Хонг Конг.
Бројот на демонстранти опадна од илјадници на неколку стотини.
