Истражување: 81% од граѓаните се за членство во НАТО, 63% за ЕУ
Уште еднаш се потврдува јасниот консензус меѓу граѓаните и креаторите на безбедносната политика за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, стои во истражувањето...

Највисок приоритет во безбедносната политика за што постои јасен консензус кај сите политички субјекти е интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Овие два стратешки приоритети имаат поддршка кај граѓаните на земјава, покажуваат резултатите од направеното истражување на Факултетот за безбедност - Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и безбедносните закани по државата.
Според истражувањето, над 68% се изјасниле за, а 32% против зачленување на Република Македонија во ЕУ. За разлика од Европската Унија, над 81% од испитаниците се изјасниле за членство во Северноатланската алијанса, а само 19% од нив се против интеграцијата на земјата во НАТО.
Со тоа уште еднаш се потврдува јасниот консензус меѓу граѓаните и креаторите на безбедносната политика за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, стои во истражувањето.
Со испитувањето биле опфатени 1.167 граѓани во 37 општини во Македонија на возраст од 18 до 66 години.
