Ниски температури во САД: Под нула и на Флорида
18.11.2014 12:17
Се очекуваат стандардните метежи на патиштата, но најтешко е за бездомниците...

Невообичаено ниски температури ги зафатија поголемиот дел од САД. Под нулата е дури и во топлата Флорида. Се очекуваат стандардните метежи на патиштата, но најтешко е за бездомниците.
„Живеам ден за ден. Имам едно ќебе на коешто седам и толку“, вели Брајан Андерсон, бездомник.
Во Индијанаполис, за време на утринскиот метеж дојде до верижен судир на десетина автомобили, што предизвика застој долг повеќе километри.
