НАТО: Сериозно зајакнување на воените сили во Украина

18.11.2014 12:21

И изворите на НАТО, но и други извори укажуваат на тоа дека има воено организирање во Украина...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека има сериозно зајакнување на воените сили и од двете страни во конфликтот во источна Украина, како и на руската страна од границата, и повика Москва да ги повлече своите сили.

Тој вели дека и изворите на НАТО, но и други извори укажуваат на тоа дека има воено организирање во Украина, но и на руската страна од границата.

Секретарот на НАТО повика Русија да ги повлече своите војници и да придонесе за мирен договор.