Грабеж во кочанско- од куќа украдени 13 илјади евра
18.11.2014 12:42
Непознатиот крадец влегол во куќата, додека во неа немало никој...

Тешка кражба е извршена вчера во куќата на 33-годишниот З.С. од кочанското село Спанчево.
Непознатиот крадец влегол во куќата, додека во неа немало никој и по извршено пребарување ја отворил фиоката на компјутерското биро од каде одзел 13.000 евра и го напуштил лице местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
