Расветлено мистериозното убиство во Велес
18.11.2014 12:49
Осомничена е брачна двојка од велешкото село Горно Оризари...

По осум месеци полицијата го расветли мистериозното убиство на 33 годишниот велешанец Барјам Ибрахимовиќ. Осомничена е брачна двојка од велешкото село Горно Оризари.
Убиството, според МВР го сторил мажот така што на 23 март на зајдисонце во близина на бенизинската пумпа на излез од градот на жртвата и испукал еден куршум во главата.
Неговата сопруга знаела за убиството, но не пријавила во полција.
Осомничениот телото го сокрил во напуштена куќа и побегнал. Против двајцата се поднесени кривични пријави за убиство и за помагање.
Анита Димитријевска
