Како продуктите да бидат подолго време свежи?

18.11.2014 13:01

Ако во фиоката во фрижидерот чувате овошје и зеленчук, тогаш на дното ставете хартиени салфети кои ќе го собираат вишокот влага и ќе спречат предвремено гниење...

Ако не сте сигурно дека јајцата не ви се свежи, тогаш ставете ги во сад со вода: свежите јајца ќе потонат, а оние кои не се ќе останат на површината.

Не фрлајте го шампањското кое изветреало. Може да го освежите така што ќе додадете едно или две зрна суво грозје.

Ако во фиоката во фрижидерот чувате овошје и зеленчук, тогаш на дното ставете хартиени салфети кои ќе го собираат вишокот влага и ќе спречат предвремено гниење.

Ставете по еден дафинов лист во садовите каде што ги чувате брашното, тестенините, оризот... и никогаш нема да имате проблеми со штетниците.

Ќе спречите сирењето да се исуши така што страната од каде што го сечете ќе ја премачкате со маргарин или путер. Сирењето може да го замрзнете. Особено ако се работи за масно сирење. Се што е потребно е да го извадите еден ден порано пред повторно да го употребите. 

Ако ротквиците или морковите ја загубат крцкавоста, едноставно потопете ги во сад со ледена вода и со едно парче свеж домат.

Ако медот се зашеќери или ќе стане матен, не фрлајте го. Загрејте го во микробранова печка на 30-тина секунди или потопете го во сад со топла вода.

Вишокот сварени тестенини што ви останал не фрлајте го. Ставете го во пластична кеса и оставете го во фрижидер. Кога повторно ќе ви затребаат, само потопете ги во врела вода и оставете ги да отстојат неколку секунди. Така тестенините повторно ќе ги добијат свежиот изглед и вкус.

За да спречите печурките да омекнат, тогаш завиткајте ги во хартиена салфета пред да ги ставите во фрижидер.

Чувајте го кафениот шеќер во фрижидер за да спречите да добие грутчиња. Ако тоа веќе ви се случило, ставете го во пластична кеса заедно со едно парче свеж леб или со парче јаболко и загрејте го во микробранова печка на 30-тина секунди.

Путерот задолжително чувајте го во херметички затворен сад за да не поприми мириси од другите продукти кои се наоѓаат во фрижидерот.

Избегнувајте бананите да ги одделите од гроздот зашто така побрзо се расипуваат.