Исплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунари

18.11.2014 13:57

Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки...

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.

Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство.