Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2014 година

18.11.2014 14:23

Годинава за најдобри три гостилници се прогласени: „Носталгија “; „Старо буре“; „Канцона“, а најдобрите три ресторани се „Уранија “; „Венето“ и „Фиш“...

За најдобрит услуги кон клиентите во угостителската дејност, Градот Скопје и оваа година им додели признание на најдобрите гостилници и ресторани. Годинава за најдобри  три гостилници се прогласени: „Носталгија “; „Старо буре“; „Канцона“, а најдобрите три ресторани се „Уранија “; „Венето“ и „Фиш“.

Овој прокет се спроведува седма година по ред, а исртажувањето и оценувањето го правеше агенцијата „Свот рисрч“ преку своите тајни купувачи.

„Свот преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени 50-те ресторани и 50-те гостилници, според примарните критериуми: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна и завршен контакт. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми“, истакна Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој. 

Душко Угриновски, косопственик на Агенцијата што го спроведува истражување, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 31 октомври во повеќето сегменти се забележува  поголем квалитет, и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект  не забележал ниски резултати, под 50 %.

Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот Скопје.