Меккејлеб, баварец!
Откако му заврши договорот со Фенербахче, Меккејлеб беше слободен играч, но дури сега најде клуб којшто му одговара и финансиски и според амбициите...

Некогашниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Меккејлеб е нов кошаркар на Баерн Минхен. Откако му заврши договорот со Фенербахче, Меккејлеб беше слободен играч, но дури сега најде клуб којшто му одговара и финансиски и според амбициите. Мејкелеб договори соработка со германскиот првак предбоден од Светислав Пешиќ до крајот на сезоната. Во петте досегашни кола во Евролигата, Баерн има само една победа.
Играјќи за Сиена, Меккејлеб пред три сезони беше најдобар стрелец во елитното натпреварување со 17,3 поени во просек по натпревар, додека во 2010-та беше најзаслужен за изненадувачкиот пласман на Партизан на фајнл - фор турнирот. Иако постои можност првиот натпревар да го одигра в четврток против Барселона, новиот плејмејкер на Баерн најверојатно ќе дебитира викендов во бундеслигашкиот дуел со Брауншвајг.
