Руското ембарго им направи проблеми на овоштарите во Полска

18.11.2014 15:12

Велат дека мерките на владата и на Европската Унија се недоволни...

Овоштарите во Полска протестираа за побрза реакција на владата на руското ембарго против нивните јаболка. Бараат од пазарот да се отстранат милион тони јаболка и да добијат компензација. Велат дека мерките на владата и на Европската Унија се недоволни.

„Ситуацијата е драматична, има преголемо снабдување со јаболка поради руското ембарго. Тоа доведе до целосен распад на пазарот“, изјави овоштар.