Зелено светло за затворање на стечаите
Со лекс специјалис за неполни 12 месеци ќе се затвораат над 300 стечаи за фирми што се водат 15 до 20 години. Од владејачкото мнозинство зелено светло за првата фаза.Опозицијата беше воздржана.Побара одговор за колкав имот се работи и колку работници ќе бидат опфатени.Според Марјанчо Николов од СДСМ,власта носи закон за да го купи имотот без почетна цена.
,,Со овој закон нема да се остави простор работниците да се надеваат дека ќе им се исплатат платите и заостанатите придонеси,а имотот ќе се продава без почетна цена,, рече Марјанчо Николов од СДСМ.

330 стечајни постапки се отворени кога СДСМ беше на власт,возврати заменик министерот за економија.Намерно фирмите ги праќавте во стечај,а работниците ги оставивте на улица,рече Делев.
,,Имаме стечајни постапки што се водат уште од СФРЈ.Затоа вие така реагирате,бидејќи тие се водат со некои блиски соработници на вашата партија и не им одговара да се затворат овие стечајни постапки,, истакна заменик министерот за економија,Кристијан Делев.
За одредена стечајна постапка која се случила во минатото важи законот од тоа време, а не сегашниот закон за стечај, кој е работен по примерот на Данска.
,,Има шанса.Досега не постоеше никаква шанса работниците или другите доверители да дојдат до остварување на дел од парите од стечајниот имот,, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ.
Владата најавува конечно затворање на стечајните постапки во Типо, Маврово, делови од железара, МЗТ, Центро, Порцеланка, Кожарски комбинат Куманово,но и случајот Фиком.
Милчо Велески