Руско ембарго за македонски производи?
Македонското МНР потврди дека претставник на нашата амбасада во Москва добил листа на продукти за кои руската фитосанитарна инспекција побарала проверка...

Москва се сомнева дека Македонија ја злоупотребува руското ембарго за европски прехрамбени производи, објавуваат тамошни медиуми. Откако е зголемен извозот на компири и јаболка од Македонија на рускиот пазар, се проверува дали некои од овие производи се препакувале во земјава и продолжувале за Русија.
Македонското МНР потврди дека претставник на нашата амбасада во Москва добил листа на продукти за кои руската фитосанитарна инспекција побарала проверка. Македонската агенција за храна и ветеринарство ќе треба да даде одговор во рок од една недела со потврда дали производите се од македонско потекло.
