ИТ обуки за поголема конкурентост на пазарот на работна сила

18.11.2014 16:21

Владата со подршка на „Mајкрософт“ во следните три години ќе помага да се надмине јазот мегу знаењата и потребните вештини што ги бараат менаџерите за работа во компаниите...

Двесте илјади студенти од Македонија ќе се обучуваат како да ги користат најновите информатички технологии за да станат поконкурентни на пазарот на работна сила.

Владата со подршка на „Mајкрософт“ во следните три години ќе помага да се надмине јазот мегу знаењата и потребните вештини што ги бараат менаџерите за работа во компаниите.

„Планот е ние да обучиме 200 илјади студенти за користење на новите технологии за да бидат побарани на пазарот на труд. Тоа е политика на Владата и е донација на Мајкрософт“, нагласи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Институциите во Македонија имаат значаен прогрес во во имплементација на модерните ИТ решенија. Подобрена е ефикасноста и нивото на услуги кон граѓаните- признание од потпретседателот на Макрософт корпорацијата, Џо Макри.

„Иницијативата на Мајкрософт е глобална програма која веке три години и има за цел да помогне на 300 милиони луѓе во светот, 690 илјади во Европа и 200 илјади во Македонија“, рече Џо Макри, потпретседател на Мајкрософт ЕМЕА Корпорацијата за Јавниот сектор. 

За поголема продуктивност и конкурентноста на пазарот на ИТ индустријата на сите мали и средни старт- ап бизниси, бесплатно им се достапни сите Мајкрософт апликации. Ќе се формира Иновативен центар.

„Ќе помогне и ќе ги подржи и поттикне старт- ап бизнисите во Македонија во ИТ индустријата да работат попродктивно и продуктите да ги пласираат надвор од државава“, посочи Стефан Плавјански, генерален директор на Мајкрософт Македонија.

Досега обуката за воведување нови технолошки решенија за трансформација на образовниот систем ја минале 25 илјади студенти и пет илјади наставници.

Со новото проширување ќе се формираат центри за настава во секоја општина.

 

Сузана Фиданска- Стоевска