Корупција во францускиот фудбал - Серија на апсење во раководните структури

18.11.2014 16:22

Серија на апсење во раководните структури на францускиот фудбал. Станува збор за две различни афери: Првата за местење на повеќе натпревари во Втората лига во текот на сезоната 2013-2014, другата афера е за исплата на ретрокомисии при купопроджба на фудбалери од страна на ОМ Марсеј. Ставајќи го во втор план претатсвувањето на маскотата на Европското првенство во фудбал во 2016 чиј домаќин е Франција - мал фудбалски херој во боите на триколорите.

Меѓу уапсените се наоѓаат Жан-Франсоа Малерб, претседателот на Фудбалскиот клуб Стад Малхер од Кан (Нормандија), кој сега игра во Првата лига, како и претседателот на Ним Олимпик, Жан-Марк Конрад и неговиот претходник.

Оваа акција во борбата против корупцијата во францускиот фудбал е спроведена поради сомневањата дека раководството на Ним Олимпик, наместило повеќе фудбалски средби, за да успеат да го зачуваат нивниот клуб во Втората лига. Во лажирањето на средбите,  тие добиле помош од претседателот на клубот од Кан. Имено Ним Олимпик и Кан изиграа нерешено на крајот од мај оваа година, што му дозволи на Ним да остане во Втората лига.

Истрагата за „активна и пасивна корупција“ е насочена и кон други фудбалски средби и клубови, со кои играше Ним Олимпик минатата сезона, како Дижон, Бастија и Кретеј.

 На реакцијата од Француската фудбласка федерација не се чекаше многу.

Фредерик Тирие, претседател на Професионалната фудбалска лига најави дека лигата и федерацијата ќе ја бранат честа на фудбалот и ќе поднесат тужба.

„И ако се потврдат фактите за корупција, лажирање, местење или се докажат едноставни обиди за договорање,верувајте ми институциите на на Лигата ќе преземе индивидуални или колективни дисциплински или административни санкции, кои се потребни со најголема цврстина. Тоа значи дури и протерување и исклучување од првенствата", рече Фредерик Тирие, претседател на Професионалната фудбалска лига.

Скоро истовремено во Марсеј беа притворени сегашните и поранешните раководители на еден од најтрофејните француски фудбалски клкубови и еднаш шампион на Европа, ОМ Марсеј.

Претседателот Вансан Лабрун, генералниот директор на клубот  Филип Перез и поранешните претседатели на клубот Жан-Клод Дасиер и Папе Диуф се притворени, со обвинение дека направлие „финансиски малверзации“ при трансферот на фудбалерот Андре-Пјер Жињак од Тулуз во Марсеј, при што биле исплатени ретрокомисии на повеќе лица.

Денешниот ден требаше да биде празник за фудбалот со претставувањето на маскотата на идното европско фудбалско првенство, чиј домаќин е Франција. За нејзиното име се гласа токму во Марсеј вечерва при средбата меѓу Франција и Шведска.

Тони Гламчевски