Aерозагадувањето главна причина за белодробните заболувања кај децата
Во Iнститутот за белодробни заболувања „Козле“дневно се прегледуваат и по 200 пациенти. Како главна причина се посочува аерозагадувањето, на кое најмладите се и најранливи...

95 дечиња со опструкции на белите дробови, напади на астма, брохопневмонии се згрижени на Институтот за белодробни заболувања Козле. Мајки со дечиња остануваат по 10-тина дена и повеќе.
„Со опструкција е, со напади, прво бевме на интензивна под кислород, но сега е добар, сега е со инфузија, со терапија, иде на подобро“, изјави мајка.
Иста слика секој ден. Едни си одат, други доаѓаат. Докторите имаат и по 200- те амбулански прегледи.
„Има пневмонија сега ќе лежи тука. Ќе биде подобро“, изјави мајка на едно детенце.
Променливо време, вирусни инфекции- докторите велат дека нежните дишни патишта на децата не можат против аерозагадувањето.
„Најголемиот број доаѓаат од издувните гасови на моторните возила и препоракла и апел до сите нас кога можеме да користиме јавен превоз, подобро е да се качиме во автобус, да го оставиме својот автомобил со тоа што даваме еден мал допринос кон почист воздух во нашиот град“, рече прим. д-р Оливер Зафировски, директор на Институт за белодробни заболувања.
Секогаш кога има можност да се отиде на чист воздух-тоа им недостига на белите дробови.
Аерозагадувањето е премногу токсично за дишните патишта. Кога тоа е неколку пати над дозволеното, докторите препорачуваат да се избегнува престој на отворено, да се внесува здрава храна, само така имунолошкиот систем ќе може да се избори со надворешните влијанија.
Андријана Атанасовска
