Учениците од Струга од утре се враќаат на настава

18.11.2014 16:48

МТВ дознава дека попладнево општината ги платила сметките за електрична енергија...

Основците од Струга и околината од утре се враќаат во училишните клупи. МТВ дознава дека попладнево општината ги платила сметките за електрична енергија, со што учениците од утре непречено ќе ја посетуваат наставата во осветлени и затоплени простории.

Училишните часови до сега траеа по десетина минути, откако ЕВН минатата недела во сите основни училишта ја исклучи струјата поради милионски долг.