МРТ на терен: Имаат ли возилата зимска опрема?

18.11.2014 16:52

Рокот почна да тече. Сообраќајната полиција почна со засилени контроли. Надлежните предупредуваат - возачите можеби и ќе имаат среќа да поминат без казна ако го изиграат законот, но, треба да мислат на својата и на безбедноста на семејството...

Екипата на МТВ на терен со сообраќајната полиција. Се почитува ли законот за носење зимска опрема надвор од населено место.

„Дали поседувате зимска опрема?“, прашува сообраќаецот.

„Имам опрема, но во монетот не ја носам“, вели возач на авотмобил.

„Со закон сте обврзани од 15-ти ноември да носите зимска опрема“, го предупредува сообраќаецот.

Возачите можат да користат и летни гуми на сите четири тркала, но во комбинација со синџири за снег.

„За возилата чија маса не надминува над 3.500 килограми, потребни се зимски пневматици на сите четири тркала, со длабочина на шара најмалку 4 милиметри. Додека за возилата над 3.500 килограми потребни се пневматици со длабочина на шарата најмалку 6 милиметри“, рече Дејан Панчевски, началник на единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од 7.000 до 70.000 денари треба да се издвојат за четири зимски гуми.

Возачите кои не поседуваат зимска опрема ризикуваат да добијат казни од 15 евра и да бидат исклучени од сообраќајот на делниците каде што коловозот е замрзнат. 

 

Наташа Јанчиќ